NORMIST Дистрибутер

ДИГИТАЛ СИСТЕМИ е официјален дистрибутер на НОРМИСТ во Бугарија и Македонија

Одгледување на печурки

Intro image
Подобрете го производството на печурки со регулација на влажноста

Влажноста е еден од најважните фактори во одгледувањето на печурки. Влажноста во просторијата може да биде поврзана со моментот на загревање. Штом ќе се загрева повеќе, мора да биде регулирана и влажноста на воздухот, затоа што е добро познато дека зголемувањето на температурата го суши воздухот.

Инаку, оптималната влажност во просторијата за огледување е 85 do 95 %. За време на растот на печурките влагата би требало да биде помеѓу 90-95 %, додека два дена пред самата берба трба да се намали на 75-85 %.
Со тоа се спречува деформација на печурките и тие нема да бидат слузави поради премногу вода.

Таквите печурки (без претерана влажност) многу подобро се чуваат. Влажноста се постигнува со заливање на бетонскиот под или оросување со автоматски овлажувачи. Со било кој метод на одржување на влага, водата мора да се распрскува во што пофина прашина а исклучително е забрането директно поливање на вреќите или печурките кои растат.
Колкава е влажноста на просторијата се контролира со Хидростат

Докажани резултати за брз поврат на вашата инвестиција, ЈАВЕТЕ СЕ НА +389 2 6138 488